Ангелов: Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што треба
На системот за управување со кризи му е неопходна длабока реформа. Ако се спојат ЦУК и ДЗС, би се добила една функционална институција, но и специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална - летно време ќе гасне пожари, а истовремено може да спасува и луѓе ако се заглавени на вода, планина, да вади луѓе од урнатини во случај на земјотрес,..., рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Според него, во ЦУК и ДЗС моментно има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што се потребни.
Утрово се активни седум пожари, ангажирани се сите ресурси и засега нема потреба од странска помош. Успешно се справуваме со актуелните пожари, за денеска се најавуваат и врнежи кои, ако падн
-Неопходна е длабока реформа на системот за управување со кризи. Целиот систем е нефункционален. Уште пред изборите разговаравме на оваа тема. Она што можам сега да го видам кај министрите, членови на Управувачкит комиет, постои цврста волја час поскоро системот да биде трансформиран во многу пофункционален кој со истите ресурси што ги имаме сега, ќе може да гасне повеќе пожари, побрзо и поефикасно. Новиот систем во првата фаза ќе биде поевтин од посточекиот, рече Ангелов.
Моментно во ЦУК и во ДЗС, според него, има превработеност на позиции од кои нема потреба, а онаму каде требаат луѓе, нема.
- Тука ми беа прилично врзани рацете зашто затекнав таква состојба, во делот на вработувањата имав многу мала можност да извршам корекции. Во ЦУК сега има околу 300 вработени, а во ДЗС повеќе од 300, што е преку 600 луѓе. Сметам дека со помалку луѓе би добиле нова, функционална институција и плус специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална. Таквата единица би дала сосема нова димензија зашто детектираните слабости не може поинаку да се отсранат, рече Ангелов на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.
Негова оценка е дека земјава има добри ТППЕ, но тие не се недоволни за ваков обем и динамика на пожари.
-Кај граѓаните постои погрешна перцепција дека ЦУК командува со сите сили на терен, но локален командир за пожарите е командиратот на ТППЕ, а ако пожарот е во шума, тогаш и лице од Национални шуми, објасни Ангелов.
Тој денеска информираше дека се активни седум пожари, но и дека засега ресурсите за гаснење се доволни и не е потребна помош од странство.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки