Ангелов: Се чувствувам како херој, граѓани ми пријдуваат секојдневно да се сликаат со мене
Јас на улица се чувствувам како херој. Мене граѓани ми пријдуваат секојдневно. Синоќа пет – шест луѓе дојдоа да се сликаат со мене. Оставете ги социјалните мрежи, изјави Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи при гостувањето во емисијата Стадион на радио Канал 77. Вели дека успешно се справил со пожарите во земјава.
„Јас на улица се чувствувам како херој. Мене граѓани ми пријдуваат секојдневно. Синоќа пет – шест луѓе дојдоа да се сликаат со мене. Оставете ги социјалните мрежи. Каде се овие луѓе кога одам по улица да ми пристапи и да ми каже дека нешто е погрешно, дециден е Ангелов.
Исто така децидно тврди дека нема пропусти во справувањето со пожарите и рече дека не чувствува потреба да им се извини на граѓаните. Според него, непотребна е споредбата со Грција, бидејќи, како што вели од пожарите излеговме без жртви.
„Штетите во Кочани се напумпани. Во градот Кочани има само еден изгорен покрив и една надвор од градот. Изгорените возила се стари, на трупци. Видов дека беше зафатен еден стар трактор, рече Ангелов во Стадион.
Ново на Сител
-
Тројца сведоци на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
33 години затвор за 13 велешани за силување малолетничка
-
Сирени за тревога во Киев, затворени неколку амбасади
-
Владата без дилема дала поддршка за кандидатурата на Шеќеринска, Мицкоски телефонски и честитал
-
Владата ја следи ситуацијата
-
Уставниот суд ќе расправа за 20-тина дена за Законот за јазици
-
Скопје остана без јавен превоз, автобусите на ЈСП немаат гориво - Хаос по постојките
-
За еден месец храната поскапела за 600 денари, кошницата надмина 62,000 денари