Ангелов: Постoи можност од поплави
Врнежите во последните неколку дена генерално имаат позитивно влијание и придонесуват за подобрување на хидролошката состојба во земјава и за земјоделските посеви. Центарот за управување со кризи (ЦУК) препорачува внимателно движење покрај суводолици и реки и за да не дојде до појава на поплави ги предупредува надлежните институции и граѓаните да бидат внимателни.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на денешната прес – конференција информира дека вчера имале координативен состанок со сите надлежни, со претставници од АД Водостопанство, Хидрометеоролошкиот завод и на други инститиции и ја разгледале состојбата со одводните канали.
-Заклучокот е дека најголем дел од примарните канали се исчистени, останува мал дел од нив да бидат исчистени. Секундарните канали, добар дел од нив се во добра кондиција и се исчистени, но се работи на нивно понтамошно чистење. Додека локалните канали, кои поминуваат низ населени места, состојбата некаде е многу лоша и не би можеле да ја прифатат надојдената вода доколку дојде до пообилни врнежи, рече Ангелов. Апелира надлежните институции да продолжат со ваквото чистење и во следниот период за, како што рече, да не бидеме изненадени од евентуални обилни врнежи.
Тој апелираше и до АД Водостопанство на Република Македонија и до локалните самоуправи да бидат разгледани сите критични точки, да бидат исчистени, доколку е потребно на некои места да се постават насипи или да се обезбеди можност од брзо местење насипи доколку се појави потреба. Апелираше граѓаните да пријават до ЦУК, на бесплатниот телефонски број 195 ако проценат дека некаде постои опасност од поплави или можност од излевање на речните корита.
Ангелов предупреди дека постои можност од поплави, кои не би биле од големи размери, но може да биде поплавено земјоделско земјиште, можат да бидат поплавени и куќи покрај одредени реки и суводолици. Додаде затоа да бидеме солидарни и превентивно да влијаеме
Одговарајќи на новинарско прашање, директорот на ЦУК рече дека имаат детална листа со места кои се критични, а општините ги имаат овие податоци. Тоа се сливот на реката Вардар, а најчесто има излевање на водата кај селата Јегуновце, Раотинце и Туденце, сливот на Треска, сливот на Црна Река, сливот на реката Струмица, конкретно Струмичко Поле е подложно на поплави при зголемување на водостојот на реките Струмица, Радовишка, Оравичка, Смилјанска, Плеваја и водотеците од планината Беласица…
Додаде дека во овој момент состојбата е стабилна, каналите се солидно исчистени, но потребно е да се продолжи со целосно дочистување на каналите.
Ново на Сител
-
Го охрабрувам Обвинителството да работи на откривање нови одговорни лица за пожарот во Кочани, порача Мицкоски
-
УНИЦЕФ повикува на поголема вклученост на татковците во активности на учење преку игра
-
При претрес во Штип пронајдена дрога
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
-
Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот
-
Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку
-
Министерство за економија: Во првите два дена 1400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување
-
Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава