Ангелов: Градот Скопје во наредните денови ќе соопшти колкави се штетите и на кој начин мостот ќе биде саниран
Прашан каква е состојбата со опожарениот мост на Вардар во Скопје, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов рече дека во наредните денови Градот Скопје ќе излезе со точна информација какви се штетите и на кој начин мостот ќе биде саниран.
-Во секој случај апелирам до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, бидејќи мостот можеби нема сериозна штета, но постои другата можност која што е најнепосакувана и до која што искрено се надевам дека нема да дојде, рече Ангелов.
Податоците коишто ги добив од Противпожарната бригада на Град Скопје според видот на огнот, додаде, се дека температурата при пожарот била повисока од 1.000 степени Целзиусови.
-Бетонската подлога од долната страна на мостот која што го штити мостот ги губи дел од своите својства над 400 степени Целзиусови, додека металната арматура над 600 степени постои опасност да изгуби дел од своите својства. Поголемата опасност е во тоа што носечките елементи на мостот се на долната страна, оние коишто во суштина го држат целиот мост, а пожарот беше токму под нив, истакна Ангелов.
Стручните лица, како што кажа, ќе излезат со точен податок колкава е штетата по мостот, а врз основа на тоа ќе се одлучи дали воопшто ќе може да се реновира мостот, односно колку време ќе биде потребно мостот да се стабилизира доколку се утврди дека штетите не се толку големи.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад