Џет-Сет
11. January 2016 - 14:56

Андреа од Големиот Брат оди во затвор, ја нападнала сопругата а го поклонува и бубрегот

На поранешната станарка на Големиот Брат, Андреа Јакимовска (43) и се заканува казна затвор, која како што тврди Андреа и ја наместила поранешната сопруга Дијана.
 
Андреа некогаш била Стојан, полицаец од Тетово. Завршил средно медицинско па се вработил во полициската станица во Тетово. Учествувал во воениот конфликт во 2001 година, бил на позиција на тежок митролез и едвај преживеал. Пред осум години одлучил да стане жена и да го промени името во Андреа. Почнала да пие хормони од кои и пораснале гради.
 
Нејзината сопруга не можеле да го издржи сето тоа па во 2011 побарала развод. Јакимовска по разводот веќе не може да ги гледа децата, синот од 13 и ќерката од 17 години. Андреа тврди дека и забраниле секаков контакт со децата велејќи и дека "таткото не може да биде мајка".
 
- Само сакам да бидам со нив. Нажалост, не плаќам алиментација за нив, но како да ја платам? Да го продадам бубрегот? Не работам и немам пари. Живеам во град каде сите се познаваат, постојат многу табуа меѓу луѓето. Поради тоа никој не сака јавно да има контакт со мене бидејќи ќе го озборуваат.
 
Кога веќе неможе да биде со своите најблиски, Андреа во 2013 година одлучила да помогне на некое дете и да го донира бубрегот.
 
Моите органи се потполно здрави, а на едно 16-годишно девојче му требаше итна трансплантација. Меѓутоа ја стопираа операцијата бидејќи во Македонија со закон е забрането да се донира орган на личност која не е во кврно сродство и која не е почината - вели Андреа. И понатаму стоела на тоа да помогне на некој и да и го спаси животот.
 
- Не ме интересира верата, полот, нацијата, битно ми е само да е само на некој кој ќе му треба нов орган - вели Андреа. Додава дека нејзиниот бубрег не е на продажба.
 
- Да сакам да заработам, ќе го огласев, но тоа е против законот. Само сакам на некого да му го спасам животот, нешто мое кај некого да живее, кога веќе немам свои деца во својот живот - вели Андреа додавајќи дека ја малтретира поранешната жена и нејзиниот нов партнер.
 
- Поранешната сопруга ме нападна додека бев во автомобил. Јас ја пријавив, но меѓутоа поради тоа што сум транссексуалка сите застанаа на нејзина страна. Имав и снимка од нападот, но судот одлучи тоа да не го прифати. Добив шесеци затвор поради нападот, а тие ништо за нападот - вели Андреа.
 
Тврди дека тоа не е прв пат да има конфликтни ситуации со нејзината поранешна сопруга.
 
- Проба еднаш и на пешачки премин да ме прегази со кола. Планирам тужба во Стразбург бидејќи овде никој не ги штити моите права. Поради тоа и со години не можам да ги видам своите деца.
 
Добива социјална помош и помагаат и родителите пензионери кои никогаш не ја прифатиле нејзината промена. Поднела тужба протув пресудата од шест месеци затвор.
 
Ме мачи тоа дали ќе одам во машки или женски затвор. Меѓу мажи неможам, јас сум жена - завршила Андреа.