Андоновски: Малите партии на СДСМ критикуваат во медиумите па си гласаат во Собрание
Малите партии од коалицијата на СДСМ критикуваат во празно, пред камери и на панел дискусии критикуваат, но потоа си гласаат во Собрание, вели за #Детектор меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.
„Малку доаѓа да речеме можеби лицемерно кога критикува еден од главните коалиционите партнери на СДСМ. Кога ја критикувате Владата треба тоа и со дело во пракса да го направите. Кога треба да се блокираат закони кои не се добри и не се европски, треба да се приклучите на блокадата. А само излегувањето во јавност или на панел дискусија или во медиуми дека вие не се согласувате не е доволно кога спротивно делувате во пракса. И ова е нешто што го прават сите коалициони партнери на СДСМ. Кога станува збор за поситни проекти кои што не им се допаѓаат ги критикуваат, но кога станува збор за гласање за овие проекти во Собрание, тогаш никој нема никаков проблем, се прави кворум, се останува да се гласа и тоа на граѓаните им дава чувство на недоверба и во политичките партии и во помалите или поголемите политички партии. Затоа е добро да стоите на својот став но да стоите од почетокот до крајот – вели Андоновски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација