Фудбал
9. October 2017 - 16:14

Андонова во акција, поддршка од Меси и Суарез

Нашиот најдобар фудбалер во женска конкуренција Наташа Андонова започна акција за еднаков третман на жените во фудбалот, индиректно во националните тимови за што доби поддршка од мегаѕвездите на Барселона Меси и Суарез.

Андонова настапува во женскиот тим на каталонците и го посочи примерот со норвешката репрезентација каде федерацијата одлучи да ги израмни мажите и жените во однос на наградувањето.