Андонов: Силјановска ќе биде претседател кој ќе ги задоволи барањата на нацијата
Политичкиот аналитичар Оливер Андонов, при гостување во емисијата „Само вистина“, рече дека ја поддржува Гордана Силјановска и посакува да стане иден претседател на државата.
-Јас лично ја поддржувам колешката Силјановска во нејзината кандидатура и посакувам таа да биде идниот претседател на Македонија. Пред се затоа што на Македонија и е потребен претседател за сите, не во контекст на тоа дали некој рекол вака или онака, туку надпартиски претседател, претседател кој ќе ги задоволи барањата на нацијата, нагласи Андонов.
Андонов појасни дека ако зборува за нација, зборува за сите нас кои живееме на ова парче македонска земја.
-Дека сме една нација која треба да има еден претседател кој ќе ги застапува националните интереси односно ќе можеме да тргнеме во еден посакуван правец. А, како што можеме да видиме од последните случувања уште многу, многу не чека. Значи не беше така едноставно како што тврдеше актуелниот премиер дека многу бргу ќе одиме и во НАТО и во ЕУ. И така денеска добивме еден убав туш од Французите дека тоа што се случуваше со Преспанскиот договор не значи ништо за членството во ЕУ, посочи како пример Андонов.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски