Фудбал
28. November 2019 - 10:03

Анчелоти: Ремито со Ливерпул може да се смета за позитивен резултат

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, по нерешенит 1:1 со Ливерпул на натпреварот во Лигата на шампионите, истакна дека овој резултат може да се смета за позитивен.

Според него, ситуацијата во групата е идеална за неаполитанците – тие се на второто место со 9 бода, а Салцбург, кој има 2 бода помалку, е на третото место.

– Овој резултат може да се смета за позитивен. Не е лесно да се одигра тука нерешено. Ние ниту во еден момент не излеговме од игра. Точно дека се браневме повеќе, но ова е единствениот начин да се игра со Ливерпул, доколку се надевате на позитивен исход. Сега ситуацијата во групата е совршена за нас. Беше добра вечер за нашиот тим, изјави Анчелоти.

Ливерпул е лидер на табелата во Е-групата со 10, бода, Наполи е втор со девет, Салцбург е трет со седум, Генк има еден на последното место.