Македонија
25. March 2024 - 19:44

Анализа на извештајот на Балкан Дефенс Монитор: Кој на Балканот троши најмногу пари за одбрана?

Србија и Македонија трошат најмногу пари за одбрана, пожува извештајот на Балкан Дефенс Монитор. Нашиот северен сосед лани за оваа намена одвоил 2% од нејзиниот БДП, а Македнија 1,7 %. Трета на списокот е Албанија, со 1,6%.  Во извештајот се наведува дека очекувањата се дека, ние и Албанците, како земји членки на НАТО, ќе ја достигнеме целта на Алијансата за одвојување на 2% од нашиот БДП, следната година, а Србија ќе се симне од тронот и догодина ќе заврши на третата позиција.

Транспарентноста на Минитерството за одбрана во однос на трошењето на парите, има простор да се подобри. Одбранбениот буџет е опишан е како транспарентен до одреден степен. 

„Исто како и сите други буџети освен хрватскиот, македонскиот одбранбен буџет не се однесува на конкретни проектите за набавки како буџетски ставки, туку се квалификуваат сите капитални расходи за опрема под „купување опрема и машини“. Сите документи поврзани со буџетите и набавките се објавени на веб-страницата на Министерството за одбрана. Тоа е добра практика на МО да објавува квартални извештаи за расходите кои вклучуваат голем буџет категории“, пишува во Извештајот.

Извештајот нотира дека Македонија, под рака со Хрватска значително помалку троши за персонал, во споредба со 2020 година. Во Северна Македонија персоналот добива 38% од расходите, додека 26% се насочени кон оружјето и опремата.

Хрватска сега троши речиси еднакво и за персонал (41%) и за оружје (39%).

Ова е трето издание на Балкан Дефенс Монитор, што Белградскиот центар за безбедносна политика  го објавува од 2022 година. Ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.