Македонија
25. јуни 2022 - 16:36

Анализа: Може ли Македонија во следните 5 дена да добие предлог кој нема да гази врз националните интереси?

Со целосно спротивни позиции Македонија и Бугарија чекаат ново решение во последните 5 дена од мандатот на француското Претседателство.

Она што Бугарија вчера го нарече кревање на ветото за нас практично значи дека официјална Софија ги исцрта своите црвени линии кои во суштина се услови кои македонската дипломатија ги одби уште за време на самитот ЕУ – Западен Балкан.

Во вакви услови, дел од експертската јавност не гледа многу простор за оптимизам дека ќе се најде решение кое нема да биде на штета на македонските национални интереси.

Поранешниот македонски амбасадор вели дека македонската дипломатија доживеала уште еден тежок удар за кој мора да понесе одговорност.

Боцевски вели дека е зачуден од обвинувањата на Владата дека со хибридни напади се попречувале процесите кои треба да ги деблокираат македонските интеграции. Одговори бара и опозицијата.

Од СДСМ и денеска бараат одговорност од Мицкоски.

Македонското МНР денеска до бугарските колеги испрати вербална нота со осуда за вчерашните транспаренти во бугарското собранието на кои пишуваше дека Македонија е Бугарија. Велат, пораките се спротивни на европските вредности но и на договорот аз добрососедство.

Француското претседателство со Европската Унија завршува на крајот на овој месец. Уште толку време останува за надеж дека Македонија ќе ги почне преговорите ова лето.