Македонија
17. May 2021 - 21:17

Анализа: Македонија во топ 10 во светот по смртност од Ковид-19 - Зошто толку многу луѓе починаа?

Високи дози на антибиотици, различни болнички протоколи, неискуство на персоналот во малите градови – се меѓу причините за се уште високата смртност од ковид-19 во земјава наведуваат дел од експертите. На светската мапа за следење на состојбата, Македонија е на високото шесто место според бројот на починати на еден милион жители.. Од почеток на пандемијата, регистрирани се вкупно 5.230 смртни случаи.

Микробиологот Никола Пановски, вели дека досега никој не ги анализирал причините за високата смртност. Се сомнева дека пациентите биле предозирани со лекови.

Матичните лекари велат дека терапијата за ковид била одредувана во зависност од состојбата на пациентот. Првиот човек на еснафското здружение тврди дека спасиле многу животи. Чолакова-Дервишова, како причина за високата смртност го посочува количеството кислород кој пациентите го добиваат за време на болничкото лекување.

Според дневната статистика на Министерството за здравство, од минатиот понеделник до денеска, регистрирани се 137 починати од коронавирус – скоро сите, последниот здив го имале во болница. За разлика од жртвите бројката на новозаразени последната недела во континуитет се движи помеѓу 2 и 4 % од тестираните.