Македонија
15. јуни 2022 - 21:14

Анализа: Кој е виновен за состојбата во затворите - колкумина затворски полицајци годишно одговараат за злоупотреби?

13мина затворски полицајци во претходните две години се обвинети за незаконско постапување во својата работа. Според статистиката на обвинителството за гонење на организиран криминал, Во 2020та, петмина биле пријавени за мачење, нечовечко казнување и малтретирање. За истите дела, следната година, одговарале двајца припадници на затворска полиција, а нивни колега бил пријавен за неовластено производство и продажба на дрога.

Малтретирање затвореници е присутно и годинава во еден случај, а статистиката открива дека засега непозната група на затворски полицајци за пари слугувала на затвореници. И народниот правобраните лоцирал незаконско делување кај затворската полиција.. Само Лани поднел четири кривични пријави.

За состојбата во затворите, Зибери вина гледа кај директорите на установите. Се сомнева дека дел од нив работат незаконски.

На лошо управување од директорите предупреди и Комитетот за превенција од тортура кој е дел од Советот на Европа. Посочиле дека  дел од раководните луѓе, не треба да се на позицијата директор на казнено поправната установа.