Македонија
30. јуни 2022 - 16:43

Анализа: Како течеше процесот за подигнување на бугарското вето

Надежите за старт на преговорите беа подгреани уште за време на германското претседавање со ЕУ, во втората поливина на 2020 година, кога Ангела Меркел се уште цврсто го држеше кормилото на Унијата.

Но, Меркел си замина во политичката историја, а  Софија и Скопје не се помирија. Напорите продолжија со следното престедателство на Португалија, на почеток без многу ентузијазам, но со ветување дека ке се продолжи таму каде што застанаа Геррманците. Така и беше.  Португалскиот предлог  не беше прифатлив за Бугарија, додека Македонија беше подгтовена   да го прифати како основа за натамошни прегвори.

Словенците направија и самит за Западен Балкан, на кој на иста маса ги собраа европските лидери, Радев и Заев, но од тоа ништо не излезе, освен новите барања за влегување на Бугарите во македонскиот Устав.

За време на француското претседателство кое  следеше, беше изготвена фамозната преговарачка рамка во која беа ставени сите бугарски барања, што Македонија не го прифати и покрај настојувањата на Макрон.

Од утре на европската сцена настапува Чешка на која Украина и е поблиска од Западниот Балкан.