Македонија
11. October 2021 - 21:22

Анализа: Како ќе се одбележуваат ,,11 октомври‘‘ и другите празници од Втората светска војна во иднина?

Дали македонско-бугарските разговори во кои периодот на Втората светска војна е спорен поради баугарската фашистичка окупација на Македонија ќе го сменат одбележувањето на 11 Октомври? Прашањето се отвори откако стигнаа предлозите да се брише етничкиот предзнак на фашистичкиот окупатор во Македонија секаде каде што тој е споменат.

Историчарите велат: не, промени во празникот не може да има бидејќи 11 Октомври и АСНОМ се темели на македонската државност. Но, она што се забележува и што загрижува, велат тие, се промените во говорите на државниците.

Според професорот Панов, решението не може да биде бришење на зборот бугарски пред фаштистички окупатор бидејќи неспорно е дека борбата на оваа територија била против него.

Според историчарот, решението треба да се бара во сосема поинаков пристап – безкомпромисно бранење на националните интереси.