Loading Video...
Македонија
19. April 2021 - 16:58

Анализа: Каде во светот гласале пратеници со скафандери?

Малезија е единствената земја покрај Македонија во чиј парламент гласале позитивни пратеници во заштитни скафандери. На средината од декември лани тамошната власт остана без мнозинство за носењето на буџетот што ја принуди да донесе тројца пратеници во скафандери по што опозицијата го напушти Собранието.

Фредерика Вилсон се најде во центарот на вниманието на американската јавност откако влезе во посебна кабина во Конгресот на САД за да гласа за изборот на Ненси Пелоси за спикер.

Американската јавност беше исклучително револтирана што конгресменката од Флорида се решила да дојде на работа откако само неколку дена претходно преку писмо го известила Конгресот дека ќе остане дома поради здравствени проблеми. До денеска американските новинари немаат официјална информација дали во моментот на гласање Вилсон имала позитивен ковид тест.

За разлика од неа, Маргарет Фериер дошла на работа во британскиот парламент иако не се чувствувала добро. Во меѓувреме се тестирала и иако знаела дека е позитивна со воз заминала дома за Шкотска. Поради ова шкотската национална партија ја исфрли од сопствените редови а локалното обвинителство ја гони и кривично.

Проблемот со обезбедувањето кворум и доволен број на гласови е присутен во речи си секое Собрание во Европа и Светот. Сепак, според последното истражување на интер парламентарната унија само 17% од парламентите во светот работат онлајн. За да се надмине проблемот со позитивни пратеници се оди кон модели кои овозможуваат тие да гласаат преку посредници како во САД или својот глас за секој од законите да ги испратат по пошта, каков што е случајот со Грција.

Во Европската унија вкупно 13 од 27 земји членки дозволуваат онлaјн работа на националните собранија и гласање од далечина.

Во Македонија онлјан работа на Собранието не е возможна. Обидот на Џафери да ја однесе дебатата на интернет го спречија пратениците на Левица кои поднесоа голем број амандамни на неговиот предлог.