Анализа: Голема загаденост во пристаништата во Британија
Бродовите се многу поголеми извори на загадување во Британија отколку што е сугерирано во податоци од 2014 година, покажуваат резултатите од новите анализи претставени во извештај на Националниот попис на атмосферски емисии (NAEI) за британската Влада.
Емисијата на отровниот азот-диоксид околу големите пристаништа и поморски патишта во Британија е за четирипати поголема отколку што е претходно наведено. Нивото на сулфур-диоксид е тројно поголемо.
Акепсери наведуваат дека загадувањето од бродовите кои се концентрирани околу големите пристаништа како Сеутемптон, Гримзби и Ливерпул предизвикуваат голема загриженост за здравјето на локалните жители.
Индипендент потсетува дека долготрајната изложеност на азот и сулфур-диоксид може да предизвика низа здравствени проблеми од астма до рак и оти тоа е поврзано со смет на околу 40.000 луѓе годишно во Британија.
Британската Влада моментно се соочува со жестоки критики и можна тужба од Европската унија бидејќи не намалила нивоа на загадување на воздухот.
– Автомобилите не се единствен извор на штетни гасови во воздухот. Бродовите трошат помалку од автомобилите, но користат горива кои произведуваат поголеми нивоа на штетни гасови отколку возила со дизел мотори, истакнува токсикологот Мет Локшем од Универзитетот во Саутемптон.
Ново на Сител
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата