Македонија
17. September 2021 - 21:28

Анализа: Дали измените во Изборниот законик по распишување на изборите се коректни и легитимни?

Менувањето на Изборен законик непосредно пред избори е спротивно на сите стандарди. Власта и опозицијата ја игнорираа препораката на ОБСЕ/ОДИХР, вели поранешниот претседател на ДИК Новаковски, дека суштински измени не треба се прават најмалку шест месеци до една година пред одржување на избори.

Единствен пратеник кој го стисна копчето против носењето на измените беше пратеникот Павле Трајанов. Неговиот мотив е дека тие им носат предност на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и на Алијанса на Албанците во политичкиот натпревар.  

Она што предизвика реакција е новата одредба која предвидува дека подносителите на листа или кандидатура да можат да побараат повлекување во рок од 48 часа, што раѓа сомнеж дека се можни пристисоци врз кандидатите.

Со ова не се согласува министерот за правда.

Новаковски, пак, го чуди зошто ваквите суштински измени не се донесени порано ако имало компромис меѓу партиите.   

Според Новаковски, внесувањето на ваков член во Изборниот законик во иднина може да служи како заштитен механизам на големите партии од се поголемиот број независни кандидатури.