Џет-Сет
3. August 2018 - 14:55

Ана и Раста го слават посебниот ден на Тара: Принцезо, среќен ти роденден!

Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста денеска имаа голема причина за прослава, зошто нивната љубимица Тара го слави првиот роденден и раперот со емотивна порака и го честиташе.

Популарната двојка на вчерашниот ден пред една година ја доби својата љубимица, чија фотографија раперот ја постави на Инстаграм.

- Принцезо мала, среќен ти роденден - напиша Раста, кој ги објави и честитиките од фановите, кои за Тара креираа и специјални фотографии, а честитки стигаа и од колегите.

Инаку, Раста неодамна за српски Курур зборуваше за татковството и за тоа колку се тој и Ана среќни откако станаа родители.

-Моментално го имам тој луксуз да уживам во нејзината љубов и навистина не постојат пари за кои ова чувство би го менувал. Навистина, претходно да знаев какво е тоа прекрасно чувство, сите пари би ги менувал за тоа, за тоа чуствство на татковство. Тој луксуз го имам сега, во овој момент од животот, нешто неверојатно е. И на мене и на Ана, Тара ни донесе голема радост и среќа - изјави Раста.