Спорт плус
9. јуни 2016 - 13:32

АМС: Прием за најмладиот планинар

 
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески го имаше на гости најмладиот македонски планинар, Ване Бошев од Неготино. Причина за посетата беше најавата за искачување на  Grosvenediger (3666m) во  Австрија и Cugspic (2962m) и Alspic (2628 m) во  Германија. Патувањето најавено за Август годинава, доаѓа по успешните Триглав, Мусала Мангарт и Мајстровка кои го ставија Ване Бошев на врвот на листата за најголема надеж во Македонското планинарство. Сите овие успеси не останаа незабележани од страна на Агенцијата за млади и спорт, кои уште минатата година го ставија на листата на најмладите спортисти,  добитници на стипендијата “Спортска надеж”.