Американското Министерство за правда ќе го обжали налогот на хавајскиот судија
Министерството за правда на САД најави дека ќе поднесе жалба на одлуката на хавајскиот федерален судија, кој издаде налог за блокирање на ревидираните ограничувања на претседателот на САД, Доналд Трамп за патувања од некои муслимански држави.
Жалбата ќе ја разгледува Апелацискиот суд во Сан Франциско, кој минатиот месец ја поддржа суспензијата на првата уредба за патување на Трамп.
Федерален судија на Хаваи во средата ја продолжи на неодредени време важноста на судскиот налог со што е блокирана новата забрана за влез во САД за државјаните на шест претежно муслимански земји, воведена од Трамп.
Американскиот претседател на шести март потпиша нова забрана во обид да се надминат правните проблеми на кои наиде неговата извршна наредба од јануари, што предизвика хаос на аеродромите и масовни протести, пред судија од Вашингтон да ја запре примената во февруари.
Трамп истакнува дека забраната за патување е нужна за националната безбедност, додека Хаваи и другите американски сојузни држави се спротиставуваат на забраната тврдејќи дека мотивите за нејзино воведување се засновани на религијата и на предизборното ветување на претседателот за „целосно стопирање на влез на муслиманите во САД“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра