Американските власти почнаа истрага против Гугл, Епл, Фејсбук и Амазон
Министерството за правда на САД објави дека отвора истрага за големите компании за дигитална технологија во врска со тоа дали учествуваат во антиконкурентски практики.
Истрагата е со цел да се утврди како водечките онлајн платформи на пазарот добиле моќ, дали и наштетуваат на конкуренцијата, дали ги потиснуваат иновациите или на друг начин ги оштетуваат потрошувачите.
Министерството за правда не објави кои се тие компании, но истакна дека во разгледувањето ќе се земе предвид загриженоста за „пребарување, социјални медиуми и некои малопродажни услуги на интернет“.
– Без дисциплина во пазарната конкуренција, дигиталните платформи можат да дејствуваат на начин кој не одговара на барањата на потрошувачите, изјави во соопштение помошникот државен адвокат Макан Делрахим, раководител на Одделот за заштита на пазарната конкуренција.
Некои американски медиуми во јуни објавија дека Министерството за правда планира да испита дали Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл ја злоупотребиле својата пазарна моќ.
Ново на Сител
-
Владата ќе бара решение за да не пораснат функционерските плати
-
Многу жени не одат на закажан скрининг за рак на дојка – Пациенти со симптоми пак чекаат со месеци за мамографија
-
Ситуацијата кај Буково алармантна
-
Министерството за дигитална трансформација отвори прв општински центар за услуги
-
Петрушевски: Македонија нема 300 милиони евра за фрлање на автопат од само 10 километри
-
Прилеп се соочува со сериозни проблеми со коцкањето - Отворено одделение за третирање на овој порок
-
ЕП испрати писмо до Фон дер Лајен: Укинете го зимското сметање на времето
-
Преглед на вестите од светот