Американските конгресмени го одобрија предлог-буџетот за одбрана за 2022 година
Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-буџетот за одбрана за фискалната 2022 година во вредност од околу 770 милијарди долари.
За документот гласаа 363 пратеници, а против беа 70. Буџетот допрва треба да биде одобрен во Сенатот, по што ќе биде доставен на потпис до претседателот.
Верзијата на законот, одобрена вчера од конгресмените, беше прелиминарно договорена од двата дома на американскиот законодавен дом. Меѓу другото, содржи одредба за издвојување на 4 милијарди долари за програмата на Европската иницијатива за одвраќање на Русија. Исто така, 300 милиони долари ќе бидат доделени за воена помош за Украина, а уште 150 милиони долари ќе бидат потрошени за „безбедносна соработка со балтичките држави”.
Во исто време, во договорената верзија на нацрт-буџетот беа исклучени иницијативите за санкции против гасоводот „Северен тек 2″, јавниот долг на Русија и можноста за воведување рестрикции за 35 Руси, вклучувајќи руски министри, руски бизнисмени, јавни личности и новинари.
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје