Свет
29. October 2021 - 14:58

Американските авио-превозници добија дозвола за прелет над територијата на Русија

 Американскиот Стејт департмент објави дека руската влада одобрила голем број барања на американските авиокомпании за летови, но некои карго и патнички авиокомпании бараат дополнителни летови.  Овој месец трговската организација, која ги претставува главните американски превозници на патници и карго, побара од Стејт департментот итно да одговори на потребите на авиокомпаниите и да ги обезбеди правата за летање над рускиот воздушен простор.

Во писмото од 14 октомври, „Ерлајнс за Америка“, што ги застапува „Американ ерлајнс“, „Делта ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“ и други компании, побара од државниот секретар Ентони Блинкен да интервенира, предупредувајќи дека без таква акција, нивниот бизнис ќе биде неефикасен и оптоварен и тоа би можело да ги принуди да прекинат некои летови и да ја загрозат нивната позиција на пазарот.

Претставници на Стејт департментот потврдија дека го добиле писмото вчера  дека Русија ги одобрила барањата на американските превозници за прелет минатата недела. Дополнително, тие изјавија дека продолжуваат разговорите со надлежните руски власти за да се овозможат дополнителни можности во авиосообраќајот за американските авиопревозници, но министерството одби да каже колку точно летови се одобрени.