Американскиот секретар за одбрана во ненајавена посета на Ирак
Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер пристигна во ненајавена посета на Ирак, каде ќе се сретне со американски воени команданти и ирачки официјални претставници.
Картер ќе разговара со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади и со министерот за одбрана Халед ал Обеиди, како и со американскиот генерал Шон Макфарланд, кој е командант на коалицијата за борба против Исламска држава во Ирак и Сирија, предводена од САД.
Картер допатува во Ирак откако ирачките власти во саботата ја вратија контролата врз воздухопловната база Кајара, која се наоѓа на 60 километри јужно од Мосул, кој се уште е во рацете на ИД.
Враќањето на контролата врз базата се смета за важна етапа во идната битка за протерување на ИД од Мосул, кој е под контрола на групацијата од јуни 2014 година.
Картер изјави дека доколку е потребно американските советници се подготвени да се приклучат кон ирачкиот баталјон во придвижувањето кон Мосул.
Тој го означи ослободувањето на Кајара како клучна страешка победа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК