Американскиот дезертер Боув Бергдал поштеден од затворска казна
Американскиот дезертер Боув Бергдал нема да биде осуден на затвор, но ќе биде избркан од армијата на САД, реши денеска воениот трибунал.
Бергдал побегна од својата единица распоредена во Авганистан во 2009 година, по што беше заробен или пребегал кај талибанска група, во која остана до 2014 година.
Тогашниот американски претседател Барак Обама нареди пуштање на слобода на пет водечки исламистички команданти од затворот во Гвантанамо, во замена за ослободувањето на Бергдал.
Во октомври, Бергдал се изјасни како виновен откако беше обвинет за дезертирање од стражарското место и за недолично однесување пред непријателот, за што му се закануваше казна затвор до 14 години.
Случајот на Бергдал предизвика критики во САД, како поради ослободувањето на петте исламисти, така и поради тоа што најмалку шест војници биле убиени додека се обидувале да го лоцираат и ослободат Бергдал од талибанците.
Ново на Сител
-
Бајден: Убиството на Ханија не е од помош за прекинот на огнот
-
Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата
-
СПМ со честитка по повод 2 Август-Денот на републиката и Илинден
-
Полициските хеликоптери фрлија над 140 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и во Светиниколско
-
Тројца повредени во сообраќајка на три возила во Скопје
-
САД го признаваат Едмунд Гонзалес за победник на изборите во Венецуела
-
За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево