Американски војници со огномет предизвикале инцидент во Јужна Кореја
Десетици странски државјани, за кои се претпоставува дека се американски војници, во саботата навечер ги вознемириле граѓаните на крајбрежниот град Бусан во Јужна Кореја со огномет на плажа.
Тие на плажата го славеле Денот на независноста, поради што полицијата морала да интервенира и да уапси дел од нив, пренесува Јонхап.
Војниците испукале неколку огномети кон небото, па дури и кон граѓаните, и тоа траело околу два часа, а полицијата соопшти дека примиле повеќе од 70 повици од граѓани кои биле вознемирени од оваа состојба, особено затоа што странците не носеле заштитни маски и не одржувале физичко растојание.
Полицијата соопшти дека американските војници кон граѓаните испукале огномет без дозвола и им се потсмевале на полицајците, поради што во смирување на ситуацијата учествувале шест патролни автомобили.
И покрај присуството на полицијата, војниците не престанале со огнометот, а еден војник во своите 20-ти години кој испукал огномет кон граѓаните е уапсен.
Плажите низ Јужна Кореја се повторно отворени за граѓаните, со обврска посетителите да постапуваат во согласност со воведените мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Жената која беше извлечена од Вардар пред неколку денови е исчезнатата Лидија
-
Руте: Мора да направиме се што можеме за да ги чуваме нашите луѓе безбедни
-
Русија изврши масовен воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура
-
Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница
-
Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола
-
Kaj 30-годишник во Аеродром пронајдена, марихуана, бела грутчеста материја, таблети и пиштол
-
Прекин во работењето на системот е-Даноци
-
Шекеринска учествува на Форум за надворешна и безбедносна политика во Литванија