Американски медиуми: Златото е нова опсесија на националистичките лидери во Источна Европа
Челниците на источно европските земји во кои на власт се суверенистилките влади како Унгарија, Србија и Полскам, ги зголемуваат своите резерви на злато, пипува агенцијата Bloomberg.
Само Полска во оваа седмица од британската централна банка Bank of England (BoE) пренела 100 тони злато во намера да демонстрира моќ на држава чиј БДП неодамна достигна максимум од речиси 586 милијарди долари.
Истовремено, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, направи безбедно засолниште за зголемување на златните резерви. Словачка им се придружува на многу земји коишто сакаат да го вратат златото, јави американскиот медиум.
Поранешниот словачки премиер Роберт Фицо, кој се обидува да се врати на власт, го повика тамошниот парламент да ја принуди централната банка на земјата да го осигури домашните резерви од злато складирани во Велика Британија.
„Понекогаш може да ве изневерат и меѓународните партнери“, рече Фицо, потсетувајќи се на пактот од 1938 година на Франција, Велика Британија, Италија и Германија, што му овозможи на Адолф Хитлер да анектира дел од тогашната Чехословачка.
Неодамна, поради политичките разлики BoE одби да ги врати златните резерви на Венецуела, која пред повеќе години поведе скапа акција на враќање на големите златни резерви од странство во земјата.
„Тешко дека можете да им верувате на вашите најблиски сојузници по договорот во Минхен“, рече Фицо.
Чекорите што се преземаат во поранешното комунистичко крило на Европа се резултат на напорите на Русија и Кина да ги диверзифицираат резервите од над три билиони долари во однос на доларот, во услови на геополитички тензии со САД.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација