Свет
13. September 2016 - 9:24

Американски бомбардери го прелетуваат Корејскиот Полуостров

Два американски суперсонични бомбардери „Би-1 Лансер" денеска ја прелетаа Јужна Кореја, со цел - демонстрација на сила и солидарност со сојузникот на САД, непосредно по петтата нуклеарна проба на Северна Кореја во петокот, пренесе БТА.

Двата бомбардера прелетаа ниско над военовоздухопловната база „Осан", која се наоѓа на 77 километри од границата со Северна Кореја.

Таа акција е претходно испланирана и требаше да биде изведена вчера, но беше одложена поради лошите временски услови во Гвам, каде што авионите беа стационирани.