Американската Галф Оил влезе на македонскиот пазар
Американската компанија Галф Оил влезе на македонскиот пазар. Најголемиот производител на нафта и нафтени деривати своето работење тука го почна со отворање на првата бензиска во Скопје. Мрежата ќе ја прошири и во другите градови. Влегува како партнер на македонската компанија Супертрејд еден од најголемите дистрибутери на горива во земјава. Станува збор за голема инвестиција која е од огромно значење за домашната економија.
Македонија е втора земја на Балканот каде можат да се најдат производите на Галф ОИЛ.
- Планот е до 2020 година компанијата да биде дел од 10 најголеми фирми од нафтената иднсутрија, рече Марио Дадони- престваник на Галф Оил
Денес компанијата е присутна во повеќе од 25 земји, опслужува милиони корисници. Првата бензиска станица компанијата ја отворила во САД во 1913 година.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар