Loading Video...
Свет
5. February 2023 - 16:31

Американската армија со ракета лансирана од борбен авион го собори кинескиот метеоролошки балон

Американската армија со ракета лансирана од борбен авион над водите на Атлантикот во Северна Каролина го собори кинескиот метеоролошки балон за кој САД се сомневаат дека бил пратен во шпионска мисија

Балонот влезе во американскиот воздушен простор преку Алјаска  на 28 јануари и се врати два дена подоцна откако во меѓувреме лебдеше над Канада.
Кина силно се спротивставува на американската интервенција а Ројтерс јавува дека кинеските медиуми ја исфрлиле од своите информативни изданија веста дека балонот е соборен.