Американската амбасада организира Саем за колеџи во САД
Американската амбасада во Македонија утре го организира четвртиот годишен Саем на колеџи во САД.
Дваесет претставници на Амбасадата, вклучително и заменик шефот на мисијата, Микаела Швеицер - Блум, ќе презентираат различни аспекти од своето искуство на американски колеџи, а ќе бидат на располагање и да одговараат на прашања за високото образование во САД.
Советниците на EducationUSA ќе даваат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, како и за услугите што студентите можат да ги добијат во центрите на EducationUSA во Македонија.
Советникот за образование од амбасадата на САД ќе одговара на прашања на сите заинтересирани за можностите за добивање стипендии од Владата на САД и за програмите на образовна размена.
Настанот ќе се одржи во Културно информативнио центар, а влезот е бесплатен.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.