Американската амбасада го одбележува Националниот ден на служба и сеќавање
Со крводарителска акција и акција за собирање прехранбени продукти и други средства, Амбасадата на САД денеска ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање.
Акциите ќе бидат организирани во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија. Пред присутните ќе се обратат амбасадорот Џес Бејли, генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити и директорот на Институтот за трансфузиологија Емилија Велкова.
Заинтересираните ќе можат да даваат крв во Амбасадата на САД од девет до 16 часот.
Националниот ден на служба и сеќавање е востановен во 2002 година како начин преку добротворни акции да се покаже почит кон жртвите, преживеаните и сите што помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон, подржан од двете партии, со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.