Свет
14. April 2017 - 10:51

Американска мегабомба ликвидираше 36 џихадисти на ИД во Авганистан

Најмалку 36 џихадисти од Исламска држава се ликвидирани вчера во источен Авганистан во напад со супермоќна бомба, извршен од американските воено воздухопловни сили, соопшти авганистанското Министерство за одбрана. 

Американски авиони МС-130 вчера извршија напад врз подземен комплекс од тунели и пештери на локален огранок на ИД во Ачин, во провинцијата Нангархар, користејќи прв пат во борбите авијациска бомба, која во армијата на САД е позната како „мајка на сите бомби“.

Бомбата ГБУ-43 е со тежина од десет илјади килограми и експлозивна моќ од 11 тони еквивалент на тротил. 

Според соопштението на авганистанското МО во нападот не настрадал ниту еден цивил, а во него е уништена единственото базата на ИД.