Свет
27. February 2022 - 18:33

Американците бојкотираат руска водка

Во одговор на руската инвазија на Украина во повеќе сојузни држави најавија бојкот на руски производи во солидарност со народот на Украина подложен на воена агресија од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. 

Гувернерот на Охајо, Мајк Девин, синоќа објави забрана на руски увозни стоки во сојузната држава. Слични чеори се најавени и во други сојузни држави како Њу Хемпшир и  Вирџинија, но и во Канада. 

Во соопштение до јавноста синоќа, Девин изјави дека дал директива до Одделот за комерција на Охајо веднаш да се запре како со набавката така и со продажбата на сите алкохолни производи водка кои се увезуваат од Русија. 

Локалните медиуми известуваат дека во повеќе од 400 продавници за алкохолни пијалоци во Охајо моментално се продаваат 6.400 шишиња руска водка.

Се наведува дека сите други водки именувани со руски имиња, но произведени од дестиларници кои не се лоцирани во Русија, можат да се продаваат. 

Девин исто така го прогласи 27 февруари за Ден на молитва за народот во Украина. 

Во Охајо живее голема руска и украинска дијаспора