АМЕРИКАНЦИТЕ
Врвна шпионска серија исполнета со многу акција, пресврти и неочекувани игри за моќ и правда. Добитничка на неколку Primetime Emmy награди, како и Златен глобус за најдобра ТВ серија. Стана една од ретките телевизиски драми што освои две награди Peabody за време на нејзиното прикажување. The Hollywood Reporter и Американскиот филмски институт ја сместија во топ 10 најдобри серии на сите времиња, ставајќи ја во рангот со култните "The Sopranos" и "Breaking bad".
Серијата ги следи агентите на руската КГБ, кои живеат во Америка, водена во времето на претседателот Реган. Тие се навидум просечен американски пар, но всушност Филип и Елизабет се шпиони кои ја бранат руската идеологија и организираат цела мрежа на доушници. Кога во нивното соседство ќе се доселат ФБИ агенти, напнатоста станува уште поголема. Стен и Крис се членови на контраразузнавачката агенција која има задача да се бори против странски агенти на американско тло. Но, дали овие ФБИ агенти ќе ги откријат лажните Американци или планот на руските шпиони ќе донесе голема опасност за земјата, гледаме во полноќниот термин на телевизија Сител.
Ново на Сител
-
Изет Меџити ќе биде прв заменик претседател на Владата
-
За септември одложен почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
-
Се заканувал на странска амбасада - Кривична пријава за прилепчанец
-
ЦУК: Заглавена екипа на Брза помош со пациент во лифт
-
До петок нестабилно време со дожд и грмежи, за викендот стабилно и топло
-
Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел
-
Синдикатот на полиција во Македонија поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи
-
Радев: Политиката на Скопје е насочена против европските принципи