Aмбасадорот на САД во Турција ги отфрли шпекулациите дека неговата земја била вмешана во обидот за преврат
Американскиот амбасадор во Турција Џон Бас ги отфрли последните информации и обвинувања во медиумите дека неговата земја била вмешана или имала претходни информации за неуспешниот обид за преврат во Турција, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
- И натаму сум длабоко засрамени и навреден од неоснованите обвинувања, изнесени во толку многу коментари во оваа земја дека владата на САД била вмешана во овој нелегален обид за државен удар и сакам само да повторам - Владата на САД не ги планираше, ръководеше, поддржа и немаше претходни информации за какви и да е од нелегалните активности кои се случија во текот на ноќта меѓу 15 и 16 јули. Точка, изјави Бас пред новинарите во Истанбул, пишува турскиот весник.
- Искрено, ако имавме некои информации, веднаш би ја информирале турската влада, исто онака како што ги споделуваме со оваа влада информациите за закани од терористички организации, активни во Турција, рече амбасадорот.
- САД сакаат да видат силна, просперитетна, демократска Турција, која придонесува за справување со многуте предизвици со кои се соочуваме во трите региони, од кои се состои Турција, и ние нема да можеме успешно да се справиме со сите овие предизвици, ако Турција не е силна, сигурна, демократска и просперитетна. И секој кој смета дека САД на некој начин имаат корист од тоа Турција да биде поделена и дестабилизирана, во голема мера неправилно ја чита историјата, рече американскиот амбасадор.
Ново на Сител
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите