Амбасадата на САД во Приштина очекува нови демонстрации поврзани со насилства
Американската Амбасада во Приштина ги повика граѓаните кои се во Косово да не одат на плоштадот Мајка Тереза бидејќи, како што нагласуваат се очекуваат нови демонстрации кои може да прераснат во насилства.
Предупредувањето е упатено откако во косовскиот Парламент одново беше фрлен солзавец, а седницата прекината и пред да почне.
Во Приштина се водат консултации на претседателот на парламентот Кадри Весели и шефовите на парламентарните групи на кои не присуствува опозицијата.
Опозицијата и активисти се пред парламентот на плоштадот над кој летаат хеликоптери на КФОР. Зградата на парламентот требаше да ја напуштат и сите новинари.
Опозицијата бара од премиерот Иса Мустафа да го повлече потписот од Бриселскиот договор или да поднесе оставка. Тие тврдат дека ќе продолжат со протестите со кои ќе ја попречат работата на владата и парламентот.
Претседателот на опозициското движење Самоопределување Глаук Конјуфца тврди дека внесувањето на солзавец во парламентот го помогнала полицијата.
Ново на Сител
-
Заврши соработката меѓу Работнички и Станиќ
-
Аморим: Освојувањето на Лигата на Европа нема да ги реши нашите проблеми
-
Сон: Во Тотенхем сум 10 години и сакам да го освојам трофејот
-
Лишен од слобода возач од Струшко затоа што пијан управувал возило
-
Царинска управа: Запленети тутунски производи, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи и девизи
-
Полициска акција во Скопје, се тресат локации поврзани со членови на „Беланоца-Барон“
-
Приведен унгарски државјанин на ГП Табановце, пронајдена дрога во неговото возило
-
Во целосен прекин сообраќајот на експресниот пат Штип, се вози по стариот пат