Алтернатива одлучува дали ќе биде дел од владината коалиција
Партијата Алтернатива за вечер во 18 часот има закажано седница на Централното претседателство, што беше одложена поради тридневната жалост и автобуската несреќа во Бугарија.
Членовите на Централното претседателство треба да му дадат насока на Централното собрание, највисок орган на партијата, кое треба да донесе финална одлука дали Алтернатива ќе се приклучи кон Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок.
Дел од пратениците на Алтернатива сметаат дека доколку нивната партија донесе одлука да стане дел од Владата, услов треба да биде давањето предност на програмата на партијата, пред позициите во власта.
Претседателот на партијата Африм Гаши минатата недела имаше средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на која беше официјализиран предлогот Алтернатива, која има четири пратеници, да биде дел од владината коалиција, со што би се зголемило и владејачкото мнозинство во Собранието.
Пратениците на Алтернатива беа потписници на иницијативата за недоверба на Владата, но откако Кастриот Реџепи од Беса не дојде на седницата пропадна овој обид на опозициските партии. Сега, Заев се обидува да го зголеми мнозинството во Собранието со што наместо 61 пратеник би имало 65. Тоа би овозможило зајакнување на позициите на мнозинството и стабилна Влада.
Ново на Сител
-
СЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отсто
-
Променливо облачно, на некои места дожд, на планините снег
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура