Алтернатива: Нашите министри се најдобри во Владата - не се точни информациите дека ќе бидат сменети
Се уште актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски денеска се очекува да ја поднесе својата оставка на министерската позиција. Долгогодишниот шеф на ЛДП најави дека ќе се повлече и од претседателската функција во неговата партија. Вели дека од политиката си заминува поради лични причини. Како негов наследник се споменува името на пратеничката од редовите на неговата партија Моника Зајкова, а како што тој изјави Министерот кој ќе го наследи нема да биде еден од двајцата пратеници на СДСМ во Собранието.
Како најсериозен кандидат за нов министер се споменува поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов кој пак одби да ги коментира овие шпекулации.
Оставката на Милевски доаѓа во време кога се погласно се зборува за мини владина реконструкција во која би заминале уште неколку министри. Во тој пакет се споменуваат двајца министри на Алтернатива, Беким Сали за здравство и Адмирим Алити за информатичко општество, а наводно Ковачевски сакал да му се заблагодари и на Благој Бочварски.
Гаши утрово за Сител вели дека не се точни овие информации. Од неговата партија додаваат дека сега за сега Владата функционира нормално и нема причина за реконструкција.
Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се меѓу најуспешните не само од Алтернатива туку и во целата Влада. Затоа не гледаме никаква причина за отворање на вакви теми, велат од Алтернатива.
Името на Беким Сали се поврзуваше со смена уште пред почетокот на летото но до овој момент информациите се покажаа како неточни.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка