Алонсо со коментар за гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги коментираше гласините кои се појавија денеска дека ќе го наследи Карло Анчелоти на чело на Реал Мадрид претстојново лето.
Шпанскиот тренер ниту ја потврди, ниту ја демантираше оваа можност, но нагласи дека моментално е целосно фокусиран на работата со германскиот шампион.
- Минувам низ нив со голема смиреност бидејќи сум фокусиран на мојот тим. Имам доволно работи за кои треба да се грижам и не размислувам за тоа во моментов. Морам да работам заедно со мојот тим на сите фронтови на кои играме и многу сум задоволен. Размислувам за долгорочни работи во фудбалот... Да, (гласините) ме засегаат, но сега морам да се концентрирам на она што ме чека во многу блиска иднина. За противник го имаме Атлетико Мадрид, а потоа одиме во Лајпциг, па имам доволно работи за размислување, изјави Алонсо за „Мовистар“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати