Алкохолот ја зголемува опасноста од мозочен удар и кај помладите лица
Пиењето алкохол на возраст меѓу 20 и 40 години претставува ризик од мозочен удар. Луѓето кои пијат умерени до големи количини алкохол се повеќе изложени на опасност од оние кои пијат помалку или воопшто не. Научниот труд е објавен во списанието „Неуролоџи“ (Neurology).
Намалувањето на алкохолот кај возрасната група од 20-40 години може значително да ја намали опасноста од мозочен удар кај младите. Истражувачи од Националната универзитетска болница во Сеул работеле со доброволци кои биле подложени на четири медицински прегледи и дале информации за своите навики за пиење. Сите пациенти биле следени шест години.
Според податоците потоа, луѓето кои пијат најмалку 105 грама алкохол седмично може да се дефинираат како умерени или тешки алкохоличари. Нискиот внес е еднаков на помалку од 105 грама алкохол во седмица.
Стандарден пијалак во САД содржи 14 грама алкохол. Тоа е еднакво на 340 милилитри пиво или 140 милилитри вино.
Младите луѓе на возраст меѓу 20 и 40 години кои пиеле најмалку 105 грама – две или повеќе години потоа имале 20 отсто поголема веројатност да добијат мозочен удар отколку оние кои воопшто не пијат или кои пијат по малку. Ризикот се зголемува со текот на годините и потрошувачката. По четири години умерено или повеќе од умерено пиење, ризикот веќе достигнува 23 отсто.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
-
Кривична против 34-годишен маж од Тетово, истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани
-
14-годишно дете физички нападнато од група малолетници на трим патеката во Кисела Вода
-
Татко пријавил дека кавадарчанец вознемирувал и се заканувал на неговата малолетна ќерка
-
Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица 20 минути, а на ГП Дојран 15 минути
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа