Спорт плус
26. March 2020 - 13:19

Алиоски дел од бројната група спортисти кои донираат за помош од последиците од коронавирусот

Во овие тешки времиња во кои од пандемијата на Коронавирусот не е поштеден никој, голем број од спортистите ја покажуваат својата хуманост.
 
Откако вчера швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и неговата сопруга Мика, објави дека донирал 1 милион швајцарски франци како помош за најсиромашните семејства во својата земја, за ублажување на последниците од коронавирусот, денеска се огласија уште неколку врвни спортисти. 
 
И фудбалерот на мадридски Реал, Серхио Рамос со својата сопруга се вклучија во акцијата. Тие донирале над 264 илајд заштитни маски, 1.000 заштитни костуми и 15.000 тестови во борбата против пандемијата. 
 
Легендарната американска скијачка, Микаела Шифрин инаку двократната олимписка шампионка ја продолжува својата акција на добротворна аукција.
 
Американката веќе направи една акција во која преку аукција продаваше свои парчиња на облека и чаши, а завидливата сума од собраните средства ќе ги донира. 
 
Во низата се приклучи и македонскиот фудбалски репрезентативец Ерџан Алиоски.
 
Имено, Алиоски кој е дел од Лидс Јунајтед со своите соиграчин, но и членовите на стручниот штаб на тимот, доброволно донесоа одлука доброволно да земаат помала плата во наредниот период. Овој потег на фудбалерите доаќа како знак на солидарност кон остататите вработени, оклу 270, кои пак немаат врска со фудбалот, но е со цел да се овозможи непречено функционирање на целиот колектив.  
 
А, во Германија, откако играчите на минхенски Баерн, Леон Горецка и Џошуа Кимих ја формираа дондацијата „We Kick Corona“, која собра над 3 милиони евра, а нивниот тимски колега Левандовски донираше над еден милион.
 
Сега се прикчуваат и членовите на целата фудбалска репрезентација на Германија. Тие веќе собрале вкупно 2,5 милиони евра, кои ќе ги донираат на здравствените организации. 
 
Но и челниците на Бундес лигата, веќе најавија дека ќе го финансираат регионалниот фудбал, односно клубовите кои играат во третата и четвртата фудбалска лига додека трае пандемијата.