Алијанса за Албанците: Трагедијата во Ласкарци не добива судски епилог
Трагедијата во Ласкарци којашто ги одзеде животите на 16 лица, а над 30 беа повредени, од кои огромно мнозинство од Гостивар, не добива судски епилог и вистината за овој случај се крие од членовите на семејството. Но, и покрај обидите да се пролонгира правдата, дел од вистината сама излегува на виделина, додека кругот на тие коишто можеби се одговорни се повеќе се проширува. Деновиве дознаваме една голема и многу горчлива вистина за жителите на Гостивар. Според истражувањето на организацијата „Коалиција за правично судење“, произлегува дека овој случај и вистината со години ги влече владејачката албанска партија ДУИ преку еден нејзин функционер кој доаѓа од градот Гостивар.
По првото вештачење што беше направено за овој предмет, Судот наместо да излезе со правосилна пресуда, на 11 ноември 2021 година даде наредба за супер вештачење. Истото било побарано и од машинско-техничките факултети во земјава и сите, изненадувачки, одбиле, понекогаш велејќи дека немаат стручњаци, а понекогаш дека немаат што да понудат повеќе од првото вештачење. На крајот предметот завршува во Бирото за правни вештачења и таму се држи веќе 315 дена.
На иронија на судбината, директорот на Бирото за правни вештачења е Валдет Џафери, Претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар. По толку долго одложување, таквите кадри ќе требаше да бидат казнети и суспендирани од функцијата, но во овој случај Валдет Џафери беше награден со уште едно место, тоа на претседател на огранокот на ДУИ. Се прашуваме, на кого толку добро му послужи одолговлекувањето на вештачењето за да оваа личност заслужи вакво унапредување и награди!? Кој стои зад оваа трагедија што не дозволува казнување на вистинските виновници и се плаши тие да не издадат други имиња?
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот