Алијанса за Албанците: Министерот Сали итно да ја посети хируршката клиника
Откако беше поплавена од дождот, зградата на хируршката клиника во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, поточно операционата сала и дел од одделот на Универзитетската клиника за торакална хирургија, беа опфатени од пожар и со тоа се загрозија животите на пациентите коишто беа сместени во установата. Овој пат за среќа немаше загинати ниту пак повредени.
Алијанса за Албанците прашува:
Дали има технички прием за операционата сала и другите делови на реновираниот репарт, ако да, кој го има потпишано?
Зошто не функционира операционата сала којашто беше двапати отворена за функционирање од страна на владата на СДСМ-ДУИ за ниски политички поени и беше прогласена како хируршка сала „со светски стандарди“?
Зошто директорот на клиниката не го известил министерот за здравство и што е најскандалозно, тој бил информиран дури по четири дена?
Алијанса за Албанците бара:
Министерот за здравство, г. Сали, итно да ја посети клиниката и да се произнесе за овој случај!
Министерот за здравство да побара одговорност од Директорот Јакупи за неговите евентуални пропусти и неговото ноншалантно однесување кон институцијата – министер за здравство!
Владата на Северна Македонија треба да иницира реинтеграција на Универзитетските клиники по забрзана постапка за да се избегнат трагедии од ваков тип и непослушност на партиските директори.
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид
-
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
-
Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина
-
Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
-
Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна
-
Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок