Алијанса за Албанците: Да се остранат „импутираните”, дијаспората да се попишува во општините во земја
Законот за попис на населението предвидува граѓаните да се попишат според местото каде што живеат, а не според адресата во матичните книги, додека вкрстувањето на податоците се прави само за лицата коишто се попишале на терен и не може да се евидентираат лица коишто не се сретнати на терен. Апелираме, под итно да се отстранат импутираните 132 илјади лица, бидејќи тие не биле попишани на терен, им недостигаат етничката припадност, куќите или становите каде што живеат, професијата, нивото на образование, работното место и многу други податоци.
Бараме од Заводот за статистика под итно за нерезидентните лица да ги објави општините кадешто живеат во земјата, каде тие поседуваат куќа или стан и секоја година се враќаат и придонесуваат за економијата на државата.
Опфаќањето на импутираните лица без етничка припадност од една страна и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората имаат негативно влијание во прикажувањето на реалниот процент на етничките заедници во земјата и со тоа се ставаат во опасност колективните права коишто ги уживавме до сега. Конкретно, процентот на Албанците во Кичево опадна под 50 отсто и со тоа се загрозува правото на употребата на националното знаме. Резултатите на пописот се изманипулирани и ова го потврдува еден неспорен факт за којшто надлежните ќе треба да дадат објаснување. Од објавените резултати имаме околу 400 илјади лица до 18 годишна возраст, додека на гласачките листи од истата година, 2021, имаме 1.8 милиони гласачи. Ако направиме збир на гласачите и лицата под 18 години ќе добиеме резултат најмалку 2 милиони и 200 илјади жители, додека од пописот се објави дека резидентното население и нерезидентното вкупно се 2 милиони и 90 илјади. Само според официјалните податоци недостигаат најмалку 100 илјади жители.
Ако Државниот завод за статистика не ги коригира овие нерегуларности, ние ги потсетуваме дека кривично ќе одговараат според член 49 на Законот за попис со којшто за вакви манипулации се предвидува најмалку 5 години затвор.
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-
За пет дена 102 починати поради жешкото време во Шпанија
-
До вторник високи температури, во недела услови за дожд, а од среда заладување
-
18-годишник и малолетник силувале две малолетни сестри и ги снимале со телефон во Тетово
-
За 6 часа 429 казни за возачи на мотори, 267 не носеле кацига, 83 возеле без возачка
-
Кривична за бизнисменка од Кавадарци, затаила данок од над 800.000 евра
-
Приведен 45-годишен маж од Радовиш, предизвикал пожар
-
Излетале од патот по што се запалил автомобилот, во тешка сообраќајка загина Диого Жота и неговиот помлад брат
-
Израелската армија употребила бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа