Алијанса за Албанците: Човековите права заостануваат
Ниското ниво на владеење на правото, прекршокот на личните и економските права, недостатокот на слобода на изразување и информации, небезбедност се само некои од показателите кои покажаа дека Северна Македонија нема направено никакви промени од минатата година во постигнување на владеењето на правото.
Според американскиот Институт Като, Северна Македонија повторното се рангира на 56-то место, што јасно покажува дека на земјата и се потребни сериозни реформи.
Алијанса за Албанците смета дека овие показатели треба да бидат земени во предвид и да не се игнорираат од владата. Не сме во состојба да се израдуваме, затоа што обвинетите без вина чекаат правда; дискриминираните при вработување чекаат правда; човечки животи чекаат безбедност; новинарите чекаат слобода на изразување; граѓаните очекуваат економска еднаквост и почитување на нивните права, а некој мора да им ги обезбеди сите овие права.
Не треба да се заборави дека стоиме зад Хрватска, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Граѓаните мора да почнат да ја чувствуваат разликата и повеќе да не живеат во страв дека нивните права може да бидат повредени во секое време.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?