Македонија
29. October 2019 - 16:57

Алијанса на Албанците очекува обединување на против ДУИ - Амди Бајрам со СДСМ до избори, а потоа...

Обединување на албанската опозицијата против ДУИ се очекувањата на Алијансата за Албанците во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април

На стартот на трансфер периодот, Амди Бајрам вели дека му останува верен на Заев. Дресот нема да го менува, барем додека не завршат изборите.

НА 6 месеци пред изборите и власта и опозицијата веќе остварија средби со коалиционите партнери, но како ќе изгледаат коалициите ќе се знае тогаш кога изборите и официјално ќе бидат распишани.
Неколку помали партии кои  набија километража движејќи се од коалицијата на СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ и обратно не кријат дека преферираат да одат сами на избори, но актуелниот изборен модел не им го овозможува тоа.
Изборите се закажани за 12 април. Премиерот Заев треба да си поднесе оставка на 3 јануари.