Македонија
7. January 2022 - 11:16

Али Ахмети им го честита Божиќ на христијанските верници

По повод христијанскиот празник Божиќ, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Али Ахмети упати честитка до сите верници.

"Имам чест на сите православни верници да им го честитам големиот празник Божиќ со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех.

Божиќ е празник на надежта и вербата за нов почеток на животот и во овој дух, славејќи заедно за да ја обновиме вербата и посветеноста на општото добро на животот за сите наши граѓани, правејќи го секој од нас уште подобар и покорисен за нашето општество.

Посакувам овој празник да го поминете среќно со вашето семејството и посакувам да поминете среќни моменти со вашите најблиски.

Заедничките празници и цели за подобар, подуховен, побожен живот, нè зближуваат еден со друг и не прават попосветени на заедничките вредности“, се вели во телеграмата со честитка на претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети.