-->
-->
Алексис собрал уште 9 милиони фунти од Јунајтед пред да си замине
-->
Манчестер јунајтед плати дополнителни 9 милиони фунти на Алексис Санчез за да го убеди Чилеанецот да го раскине договорот со клубот и да се пресели во Интер без надомест за трансфер.
Сепак, „Олд Трафорд“ е задоволен од овој исход, затоа што поранешниот играч на Арсенал и Барселона имаше договор со „црвените ѓаволи“ за скоро уште две години, што значи дека тој ќе добиеше уште 50 милиони, без оглед на тоа дали игра за тимот на Оле Гунар Солскајер или не.
На крајот, од „Олд Трафорд“ се ослободија од товарот на овој договор, според кој Алексис може да добие 560.000 фунти со сите бонуси.
Чилеанецот потпиша три години со Интер, каде ќе прибира околу 130.000 фунти неделно, тврди „Дејли мејл“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција
-
Иран: Најмалку 610 лица се убиени од почетокот на војната со Израел